Манаки ги сликал грчките и српските војници како ја делат Македонија


Првите сниматели на Балканот, браќата Манаки со фотопаратот ја овековечиле и најголемата наша историска трагедија, поделбата на Македонија. Во нивниот богат опус зачувана е и фотографија на која претставници на грчките и на српските власти на Kајмакчалан ја означуваат границата со која била поделена Македонија по балканските војни во 1913 година.

Овој фотозапис, за кој досега многу ретко е пишувано, објавен е во каталогот „Манаки“ од поранешниот директор на Kинотеката, Борис Ноневски, публикуван во 1986 година. На него јасно се гледаат униформирани лица со материјали во рацете, како чекорат покрај место обележано со камења. Денес од едната страна на границата на Kајмакчалан се протега Македонија, а од другата Грција.

manaki podelba makedonija

Благодарение на нивните фотографии денес знаеме како изгледале некои од легендарните македонски војводи. Ги фотографирале војводите Даме Груев, Александар Турунџев, востаничката чета на Ѕоле Стојчев. Снимале и секвенции од амнестии, но и судења, бесилки на македонски револуционери.

– Тие имаа посебно овластување од султанатот да можат да бидат присутни секаде. Во нивните материјали може да се најдат мноштво податоци од историското минато на Битола. Има материјали од кои многу може да црпат и историчарите, етнолозите и фолклористите – додава Хаџиантоновски.

Повеќе на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1