Манчестер Јунајтед го бара детето на кое што тренерот Жозе Мурињо му го подари сребрениот медал по Супер купот на УЕФА во Скопје.
„Врвен гест од Жозе, што го подари медалот од УЕФА Супер купот на млад навивач! Дали некој го познава среќниот добитник? Ве молиме контактирајте не!“, пишува на страницата на Манчестер Јунајтед.
– Понекогаш кога ќе победам не ги чувам медалите, па можете да замислите кога ќе загубам. Јас ќе го ставам медалот некаде во мојата куќа, а за тоа дете, медалот е како месечина. Тоа беше мало дете во дрес на Манчестер Јунајтед, не знам од каде е. Мислам дека за детето, тоа е нешто што никогаш нема да го заборави – рече Мурињо во вторникот вечерта откако неговиот тим изгуби од Реал Мадрид.