Mанекенка го заразила со СИДА, па жива ја запалил (Видео/Фото)


Изобличеното тело на руската манекенка Јулија Лошагина која имаше само 28 години е пронајдено во планинте на Урал, Русија.

701419-vencanjeПолицијата се сомнева дека убиството го извршил нејзиниот сопруг фотографот Димитриј Лошагин, бидејќи посмртните тестови покажале дека таа имала СИДА. Димитриј пак за полицијата изјавил дека ја сакал својата сопруга.

Рускиот модел исчезнал на 22 август после семејна забава во нивнот пентхаус во рускиот град Екатеринбург. Голото опожарено тело на Јулија било пронајдено во планинте на Урал, со скршен врат и запалено лице. Димитриј (37) моментално е во затвор, додека полицијата истражува дали е вмешан во тоа ужасно убиство.

Двојката се запознала на снимање во Индија, а се венчале две години подоцна. Таа веднаш станала негов омилен модел, а многу негови слики со неа се појавувале во разни модни списанија. Димитриј постојано ја менувал приказната за нејзиното исчезнување, што го прави осомичен за убиството на убавата руска манекенка. Јулија е пронајдена неколку дена после исчезнувањето, а Димитриј бил премногу зафатен за да оди да ја идентификува.

Откако била прогласена за убиена Димитриј нивниот пентхаус го ставил на продажба за 1 милион фунти.Бил уапсен додека се обидува да го напушти градот за „службено патување“, а полицијата вели дека ќе стори се што е во нивна моќ за да го расветли случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1