Познатата манекенка, ангелот на „Викторија Сикрет“, Хилари Рода е уште една од дамите кои ја испробале новата метода против болка во грбот.
„Cupping“ терапија или терапија со врели чаши е неверојатно добар третман за разни болни состојби. Оваа терапија е стара кинеска метода и ги отстранува болките. Со оваа масажа се отвораат порите, се шират крвните садови, се снабдува со крв третираното подрачје, се воспоставува нарушениот chi (витална енергија), и на тој начин се исфрлаат токсините преку лимфата. Исто така, одлично дејствува кај потврдите и закочени мускули на грбот.
Чашата се поставува на место на телото на кое му е неопходен третман, се создава вакум кој се вовлекува ткивото на кожата внатре во чашите. Вакумот создава ефект која ја подобрува циркулацијата и работењето на лимфниот систем, а исто така помага напнатите мускули да се опуштат.
„Cupping“ е позната техника и метода на лекување која е присутна во многу земји во светот, пишува „Дејли меил“.Тоа а најновата метода која станала многу популарна меѓу холивудската елита.
Со фотографијата која ја објавила на Инстаграм Хилари сакала да покаже што нејзиниот грб претрпел и како изгледа по терапијата.