Телефонска снимка од насилничко возење во рикверц, ги надмина сите граници досега. Ако најчеста причина за сообраќајни несреќи се нечие невнимание и непочитување на сообраќајните знаци, сето тоа добива сосем нов димензија кога зад воланот ќе седнат оние кои мислат дека автопатот е место за иживување.
Шокантно видео кое стигнува од БиХ, во кое се гледа како возачот на голф, вози половина километар наназад, односно во рикверц.
Снимениот материјал од БиХ, на босанските интернет портали е проследен со коментар „Не е мал бројот на несреќи во кои животот го губат невини и совесни возачи заради глупирање на други.
Видете ја снимката во која група млади навивачи „Манијаци“ кои одејќи на гостување во Бања Лука, возат во рикверц, влегуваат во кривина каде има полна линија и потоа насила застануваат“.