Марихуана расте пред полициска станица (Фото)


Граѓаните на српското гратче Мајданпек забележале многу необично растение на само 20 метри од полициската станица, пишува Блиц.

Во тревникот, меѓу розите, се наоѓа стебло кое наликува на марихуана. Иако одгледувањето на оваа билка е забрането со закон, никој од полициската станица во Мајданпек не преземал мерки за нејзино отстранување. Чудно е тоа, што ниту вработените во Јавното комунално претпријатие кои се задолжени за одржување на земјиштето и тревната површина не го забележале стеблото.

Официјален коментар на надлежните институции за оваа случка засега нема, иако марихуаната се наоѓа во центарот на градот, пишува Блиц.

marihuana-sr2

marihuana-sr1

marihuana 44

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1