Маријан: Ја сакам Македонија, пеам од срце негови песни, но Тоше е единствен никој не може да му е наследник


Откако хрватските медиуми објавија дека младиот Маријан е достоен наследник на Тоше откако заклучија дека неговата боја на гласот потсетува на гласот на Тоше – фановите на нашиот Тоше се кренаа на нозе.
Имаше и многу негативни коментари што го натераа младиот пејач Маријан Монич да ни се обрати и да објасни дека тој е само голем фан на Тоше и никогаш не ни помислил да биде негов наследник ниту пак било кој може вели Маријан.
Тој не замоли да го објавиме ова како би се обратил на македонските фанови на Тоше.
pds2012marijanmonicМедиумите ме споредија со Тоше по концертот на кој отпеав негова песна – мене ми годи што некому мојот глас на моменти му призвучел како на гласот на Тоше но тој е еден и единствен и никој никогаш нема да биде достоен за негов наследник ниту пак може да биде бидејќи Тоше е наша икона, светиња и многу е глупаво да се бара наследник.
Немојте да ми замерите што сакам да ги пеам неговите песни бидејќи јас сум негов голем фан и тој е за мене посебен, вели Марјан.
Ова е човек кој ја сака Македонија, Toше , пеење песни. Тоа е еден млад човек кој е вработен во  болница во Карловац како медицински техничар , а своето слободно време пее со сето свое срце.
Тој е многу тажен што македонските читатели имале многу негативни коментари мислејќи дека тој се самопрогласил за наследник на Тоше а тој тоа ниту во лудило не би го помислил, вели неговата менаџерка Маријана Моника. .
Тој ги пее песните на Тоше секогаш кога има прилика бидејќи смета дека со секоја испеана негова песна се одржува споменот на Тоше.
Голем  сон на овој млад човек е да одржи концерт во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1