Физичарката Марина Брозовиќ работи во НАСА, а таа е од Хрватска. Делот во кој работи е одговорен за своевидната контрола на летањето во Сончевиот систем, пишува „Wired“.
Меѓу Марс и Јупитер се движат милијарди небесни тела кои повремено може да ја променат вообичаената патека кон внатрешноста на Сончевиот систем. Кога ќе се случи тоа, тие небесни тела, воглавно астероиди, стануваат проблем на лабораторијата во која работи Брозовиќ.
Главната работа на Марина и нејзиниот тим е следењето и мерењето на движењето на астероидите во близина на земјината орбита.
Марина Брозовиќ пораснала во Сплит, Хрватска, кадешто развила страст за вселената следејќи ја серијата на Карл Сејган. „Wired“ пишува дека нејзината работа денес се состои од оние детали за функционирањето на Сончевиот систем кои ги научила од Сејган.
Ударите на астероидите на Земјата, дури и на оние помали од 10 километри, фундаментално ја менуваат историјата на животот на Земјата. Според некои теории, токму астероидите ги донеле органските честички на Земјината површина.
Навременото наоѓање на небесните тела кои би можеле да претставуваат опасност за Земјата е основна задача на лабораторијата на Брозовиќ.