Марина Туцаковиќ е најпознатиот текстописец на Балканот, а во нејзината работа има стекнато многу пријатели но и многумина кои ја изиграле. Таа ја отвoра душата и конечно без влакна на јазикот открива детали за естрадата.
Работата знае да биде комплицирана. Освен Цеца и Лукас кои не ми се мешаат во работата, и јас си имам маки. Сите бараат нешто сите имаат идеи, ми го перат мозокот. За среќа на крајот се е добро, вели Марина.
Таа вели дека е вистина тврдењето дека Аца Лукас и должел пари, но дека тоа е всушност проблем меѓу него и нејзиниот сопруг, а таа ги средила односите.
Инаку Лукас по судска одлука има долг од 100 илјади евра кон Марина и нејзиниот сопруг, а поради долгот не смее да изведува и повеќе од 20 свој хитови.