После земјотресот во Скопје, во наредните 2 години имало дури 600 потреси во скопската котлина, од 63-та до октомври 65-та година. 600 афтер-шокови, некои почувствувани, некои непочувствувани. Значи скоро секој ден по еден, истакна Горан Марковски, професор на градежниот факутет во Скопје и експерт за армирано бетонски конструкции, во вечерашното отворено студио на ТВ Нова.
-Ние треба во свеста секогаш да го носиме сознанието дека овој регион е подложен на земјотреси, а најмногу кога носиме одлука да инвестираме во градба. Јас би бил многу среќен доколку мал процент од овој страв кој го чувствуваме е присутен кога носиме одлука да започнеме со инвестиција во некоја градба, додаде Марковски.