В сабота во 12 часот на плоштад Македонија во Скопје ќе се одржи Марш со гас-маски против загадувањето, во организација на организацијата „Биде Зелен“ (Go Green).
Од невладината велат дека главни извори на загадувањето кое осум дена владее во Скопје и во неколку други градови се фабриките кои не работат во согласност со А интегрираната еколошка дозвола, домаќинствата кои се загреваат со несоодветни материјали, старите автомобили, интензивираните градежни активности итн.
Од „Биди Зелен“ потсетуваат дека краен рок за исполнување на А еколошката дозвола за големите загадувачи е април 2014. Истовремено, се алармира и на опасноста од увезените стари автомобили.
Излезете на маршот за загадување! Се работи за нашето здравје!“, се порачува во апелот.