Масакр во џамија – 42 мртви (Видео)


Во силна експлозија во џамија во центарот на сирискиот главен град Дамаск, загинаа најмалку 42 лица, вклучувајќи го и сунитскиот верски лидер Мухамед ал Бути, кој бил поддржувач на Башар ал-Асад. Експлозијата беше дело на бомбаш самоубиец.


Mideast SyriaСириското Министерство за здравство истакна дека во експлозијата загинале најмалку 42 лица, а 84 се повредени. Сириската државна телевизија објави дека целта на „терористичкиот самоубиствен напад“ била Иман џамијата на Дамаск.
Бути, за кој се верува дека имал преку деведесет години, бил поддржувач на претседателот Башар ал Асад и иман на историската џамија во Дамаск.

Шефот на сириската опозиција го осуди убиството на имамот, истакнувајќи дека станува збор за кривично дело.

Sirija-dzamijaСириската телевизија Ал Ихбарија ја емитувала ужасната снимка во внатрешноста на џамијата, каде што можеле да се забележат десетици тела, расфрлани екстремитети низ крвавиот под, како и работниците од итните служби како ги пренесуваат лешевите низ џамијата.
Репортерот во станицата истакнал дека бомбашот самоубиец влегол во џамијата и ја кренал во воздух. Жителите кои ТВ каналот во Сирија ги контактирал, изјавиле дека веруваат дека експлозијата е предизвикана од граната која паднала во близина на канцеларијата на една политичка партија.
Бути бил истакнат сунитски верски водач во Сирија, чии говори на молитвите често биле емитувани на државната телевизија.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1