Еден човек бил пронајден обезглавен, додека најмалку две лица биле ранети во напад на фабрика за гас во Сен Квентин Фалавер, во близина на Гренобл, град во источна Франција.
-Мажот, чие обезглавено тело било пронајдено внатре во фабриката, не бил вработен во таа компанија, пренесува локалниот весник Dauphine Libere.
На местото на злосторството било пронајдено знаме на Исламската држава, а сведоците наведуваат дека внатре во фабриката се слушнала силна експлозија.
Истрагата е во тек, а полицијата се сомнева во терористички напад. Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенов, заминал во Гренобл за да може лично да раководи со истрагата.