Машиновозачот се фалел на Фејс дека вози 200 на час


Машиновозачот на шпанскиот воз, кој поради голема брзина однесе во смрт најмалку 80 лица, минатата година се фалел на една социјална мрежа со фотографија на која се гледа брзината со која се движел возот со 200 километри на час

voz-fb-01

Се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодена брзина, со која, како што се верува, во кривина влегол со околу 200 километри на час, додека пропишаната брзина на тој дел изнесува 80 километри на час.

Франциско Хозе Гарзон, еден од машиновозачите, минатата година закачил фотографија на една социјална мрежа со која се фали дека го вози возот со 200 на час. Со фотографијата напишал: „Колку би било забавно да прелеташ покрај полицијата и нивните радари кои би се расипале. Ха ха!„

Поради оваа несреќа прогласена е тридневна жалост во Шпанија. До несреќата дошло кога возот со 218 патници и четири членови на персоналот , излетал од шините кај градот Сантјаго де Компостела и удрил во ѕид, при што четири вагони се превртеа, а во еден изби пожар.

Според последните информации, еден од возачите е задржан во притвор, но не е нагласено дека станува збор за Гарзон: “Судијата нареди возачот да биде испрашан од страна на полицијата, кој моментално е под официјална истрага, во болницата каде што е задржан”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1