Иако претставниците на медицината цврсто стојат на својата изјава дека марихуаната е штетна дрога, Канаѓанецот Рик Симпсон го посвети својот живот и кариера за да го докаже спротивното – марихуаната може и да лечи! Откако се излечил себеси со масло од семе од канабис сатива, успешно ги спасил животите на 5.000 пациенти болни од канцер.
Целиот текст и видеото погледнете го на – Babinlek.mk
Рик Симпсон е активист-поборник за легализирање на медицинска марихуана, кој им овозможува на луѓето информации за лековитите моќи на маслото од канабис речиси цела деценија.
Рик се излечил себеси од метастатичен рак на кожата во 2003 година, и оттогаш го посветил својот живот на ширењето на вистината за маслото од канабис сатива. Се соочил со огромна опозиција и критики од канадските власти, како и со фармацевтските компании, владините агенции за здравје и управите на ОН.
И покрај тој факт, Рик Симпсон успешно излечил 5.000 пациенти, и тоа бесплатно, и верува дека сите форми на болести и зарази се излечливи.
Тврди дека со неговиот пронајдок можат да се излечат секакви видови на рак и други болести, за кои се верува дека не е пронајден лек.
За него и неговото откритие бил снимен и документарец наречен „Run From The Cure“, Во филмот се вклучени и интервјуа од луѓе кои биле излечени од маслото на Рик, но биле одбиени кога сакале да сведочат во негова корист во Врховниот суд во Канада на неговото судење во 2007 година. Во овој документарец се детално објаснети медицинските бенефиции на маслата од канабис сатива и хашиш. (видео од филмот на крајот од текстот)