Масовна евакуација во Солун


Грчките власти подготвуваат масовна евакуација на населението од вториот по големина град Солун, од каде привремено ќе бидат иселени 72.000 жители за да биде деактивирана и отстранета бомба од Втората светска војна.vojnici solun

Според најавите, бомбата ќе биде деактивирана утре.

Воени експерти ќе се обидат да ја неутрализираат бомбата на местото каде е пронајдена, а оваа операција ќе трае неколку часа.

Евакуацијата ќе почне утре, во шест часот изутрина, а автобуси ќе ги одведат жителите најмалку два километри од радиусот на бомбата. Тие ќе бидат сместени во локалните училишта, стадиони и кафулиња.

Властите ќе го евакуираат и блискиот бегалски камп, каде се наоѓаат околу 450 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1