Масовно се купуваат станови и куќи на море во Грција – багателни цени


Цените на недвижностите во Грција се се пониски и ја достигнаа најниската точка во последните 15 години, цените на куќите се паднати за околу 45%, a  во некои делови на Солун е падната за 60%.

Грција конечно во оваа приказна се вмеша нудејќи им на купувачите даночни олеснувања, а на странските купувачи државјанство. секој кој не е од ЕУ, а купи недвижност од 250 илјади евра или повеќе, тогаш од грчката држава добива државјанство за себе и за своето семејство, вели за Б92 Антонис Гифтополус, правен експет за недвижности.
solun
Стан во Солун, граден така да има поглед кон пристаништето а кој чини 100.000 евра, денеска инвеститор би бил среќен ако го продаде за 55.000 евра. И понатаму најмногу станови купуваат Грците, но меѓу останатите купувачи на недвижности се Србите, Русите, Бугарите, Романците, а секако и Македонците.
Најпопуларни места за купување недвижнини се Переа, во близина на Солун и Ханајоти, Пефкохори и Полихроно на полуостровот Касандра, вели за Курир Ана Павлица Мајоров од „Роман рил естејт“.
Во близината на Солун дури има и населба која ја нарекуваат “македонска” населба или населбата Переа во која дел од становите се во сопственост на Македонци. Таа се наоѓа во близина на аеродромот на 15 километри од центарот на Солун.

„Најмногу се купуваат најевтините станови во регионот Переа во близина на Солун, каде квадрат чини од 400 до 600 евра. Се барат и Касандра и Ситонија, но таму цените се повисоки и се движат од 800 до 1.000 евра за квадрат. Цените на новоградби во Ханајоти, Пефкохори и Полихроно се движат од 1.500 до 2.000 евра по квадрат“, вели Ана.

Повеќе детали од сторијата на Курир и поволни цени и локации  ОВДЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1