Масовно труење во Тетово: Затруени 220 лица


Двеста и дваесет работници од фабриката „Леар“ во технолошко развојната зона кај Тетово изминатата ноќ биле примени во болниците во Тетово и Гостивар откако се затруле најверојатно од храна, јавува ТВ Нова.tetovo bolnica

Според првичните информации од полицијата, случајот бил пријавен од медицинскиот персонал во тетовската Клиничка болница околу 4 часот и 40 минути по полноќ откако претходно околу 1 часот била поделена вечерата на работниците што биле трета смена на работа во Леар.

По околу два часа од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна – повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично. Најголем дел од работниците биле примени во тетовската Клиничка болница, а 23-ца кои биле по потекло од Гостиварско биле префрлени за лекување во гостиварската болница.

Според досегашните податоци, дел од работниците по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

Екипи на полицијата извршиле увид во фабриката при што зеле примероци од храната и други траги за вештачење и работат на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1