Масовно труење во Црна Гора


Businessman holding his stomach in pain or indigestionПовеќе од 800 луѓе побараа медицинска помош по масовно труење во црногорскиот град Беране, пренесува МИА

Во изминатите 24 часа лекарска помош побарале 880 пациенти со стомачни проблеми. Хоспитализирани се 35 луѓе од кои 28 деца.

Локални медиуми јавуваат дека најверојатно причинител на труењето е бактериолошка неисправност на водата од градскиот водовод.

Водоводните цевки беа оштетени пред неколку дена при работа на локалниот пат Беране-Лубнице.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1