Што ги убива делфините-е прашањето кои ги мачи американските научници, откако оваа година на источното крајбрежје испливаа телата на речиси 1.000 делфини
Мртвите делфини се појавија на крајбрежјето на Њу Џерси. Потоа започнаа да испливуваат на крајбрежјето на Вирџинија, Северна и Јужна Каролина, Џорџија и Флорида. Оваа година, починаа осум пати повеќе делфини од досегашниот забележан просек.
Мнозинството делфини умреле поради зараза со морбили вирусот. Станува збор за болест која кај делфините се појавила пред 25 години. Тогаш убила околу 700 делфини. Заразата се шири преку воздух, а делфините ја пренесуваат едни на други со испуштање воздух од своите бели дробови. Овој вирус, не може да се пренесе на луѓето.
Ова не е единствената причина за изумирањето на делфините. Меѓу причините се и други болести, како и загадувањето на околината. Сепак, во најголем број научниците всушност не успеваат да ги откријат причините за умирањата.