Маврово сака да му конкурира на Банско – Цените паѓаат до 30%


За да се привлечат домашните викенд-туристи ски-центарот “Заре Лазаревски” од овој викенд за 30% ги намалува цените на ски-картите, а намалување од 20 до 30% најавуваат и дел од хотелиерите – информира Елвира Ејупи од секторот за локален економски развој-ресор туризам во општина Маврово-Ростуше, пишува Вечер

zicara– Скијањето во периодот од 12 до 16 часот чини 500 денари, а од овој викенд ќе стартува и ноќното скијање – вели Ејупи и додава дека на располагање на скијачите ќе бидат 11 ски-лифтови и 3 жичарници.  ноќевање со појадок чини 1.300 денари, а полупансион 1.700 денари.

Некои од хотелиерите нудат атрактивни викенд-понуди под слоганот “Зима во Маврово”. Цената за два полупансиона чини 58 евра, а за дете do 6 години е бесплатно.

Попова Шапка 900 денари за целодневен односно 600 денари за полудневен билет и 400 денари за ноќно скијање. По 600 денари е билетот за гостите коишто се сместени во хотелите. Во двокреветните соби спиење со појадок чини 1.500 денари, полупансионот 1.800, а полниот пансион 2.100 денари.

– Во трикреветните соби спиење со појадок се нуди по цена од 1.300 денари, полупансионот 1.600 денари, а полниот пансион чини 1.900. Во четирикреветните соби цените се уште популарни и изнесуваат 1.100 за спиење со појадок, полупансионот -1.400 денари, а полниот изнесува 1.700 денари

 Пониква,  ноќевање со појадок чини само 700 денари, полупансион 900 и 1.200 денари комплетен пансион. Сместувањето може да биде и апартманско за 4 лица, а за деца до 12 години се плаќа 50% од цената.

На располагање се два ски-лифта, каде дневниот билет за деца чини 400, а за возрасни се наплатува 500 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1