Маж ја уби поранешната девојка, нејзиниот нов дечко, родителите и братот


Пет лица беа убиени во текот на ноќта во местото Кицбухел во Тирол, Австрија, а убиецот е под надзор на полицијата.

Убиствата се случиле ноќеска во познатото скијачко одморалиште на Тиролските Алпи, а осомничениот е 25-годишен маж од Австрија.

Според локалните медиуми, тој влегол во куќата на поранешната девојка и со огнено оружје смртно застрелал пет лица: девојката, нејзиниот нов дечко, нејзините родители и братот.

По масакрот тој сам се предал на полицијата и го признал делото. Не е познато дали имало други луѓе во куќата, ниту дали има други повредени во инцидентот.

Истрагата е во тек за да се утврди причината за нападот и да се направи психолошка проценка на напаѓачот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1