Џемаил Б. (34) и неговата 25-годишна сопруга Ј.М. од Јавното обвинителство добиле обвинение за убиство на тригодишното дете на сестрата на жената. Според обвинението, двајцата го претепале до смрт бидејќи се измокрило на тепихот .
До почеток на судењето Џемаил Б. ќе остане во притвор, исто како и Ј.М., која беше осомничена дека му помогнала во убиството.
Сестрата на Ј.М. пред 12 месеци со сопругот се вселила во вториот кат од куќата лоцирана на Бит Пазар, бидејќи останала сама со децата откако нејзиниот сопруг завршил во затвор.
Кога девојченцето било убиено ечела музика во куќата, па затоа и никој не слушнал каков грозоморен настан се случува внатре.
Наодите од Судска медицина покажуваат дека малечката била честопати тепана, а на мртвото тело имало модринки и ѝ биле скршени ребра од двете страни на градниот кош. Клучната коска на малечката, пак, била скршена две недели пред убиството.