Маж и жена се здобиле со тешки телесни повреди кога утринава возилото со кое се превезувале излетало од автопатот Неготино – Гевгелија.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека возилото било со унгарски регистраски таблички, а повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Незгодата се случила кај тунелите кај Демир Капија околу 7 часот.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на автопатот Неготино – Гевгелија е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива со наизменично пуштање.