Ако се прашувате зошто славните личности на сите јавни настани доаѓаат со војска телохранители, оваа непријанст ќе ви покаже дека тоа е неопходно.
Големиот обожвател на голф, музичарот Џастин Тимберлејк, пред неколку дена присуствувал на турнирот „Американ сентри чемпиончип“, кадешто опуштено уживал во својата омилена активност.
Во еден момент требало да пројде покрај неколку обожаватели, а додека повеќето го дочекале со воодушевување, еден маж се осмелил и се обидел на Џастин да му удри шлаканица.
Во брзината успеал само да го удри по образот, но и останатите обожаватели и самиот пејач оваа постапка ги шокирала.
– Зошто тоа сакаше да го направиш? – го запрашал Џастин мажот кој по инцидентот одбил да излезе од теренот за голф, озвестува „Е онлајн“.
Полицијата го уапсила мажот поради нарушување на редот и мирот, а Џастин продолжил со дружењето со славните колеги.