Маж нападна со нож патници во воз во Швајцарија, шестмина повредени


Непознат маж нападна патници во воз во Швајцарија, при што се повредени шест лица, соопшти полицијата во Сент Гален.

Напаѓачот бил вооружен со нож и истурил запалива течност во вагонот. Жртвите се здобиле со исеченици и изгореници по телата.voz 44

Меѓу повредените има и едно шестгодишно дете. Сите биле веднаш префрлени в болница.

Напаѓачот, 27-годишен швајцарски државјанин, исто така настрадал.

Возот се движел на источниот дел од земјата, во близина на границата со Лихтенштајн.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1