Во полициската станица Карпош вчера биле пријавени два случаи на жени кои биле нападнати од маж кој сакал сексуално да ги напаствува. Нападите се случиле на улицата „Волгоградска“ во скопски Карпош.
Во 11:30 часот вчера во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. О.К.Л. го истуркала од себе, по што сторителот побегнал во непознат правец.
Во 13:40 часот во Полициската станица Карпош, С.С. (24) од Скопје пријавила дека на истата улица во 13:00 часот, во влез од зграда, непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случаите.