Маж нападнат од глутница кучиња во Скопје


Вчера 62-годишниот скопјанец Б.В. пријавил во полицијата дека околу 17.30 часот, додека се движел пеш по локалниот пат село Кучково – село Волково, бил нападнат од околу 10 кучиња скитници.

Едно од кучињата го каснало во левата потколеница, десниот бутен мускул и левата надлактица. Тој веднаш отишол во болницата „8-ми Септември”, каде му била укажана медицинска помош и му биле констатирани телесни повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1