Маж кој во Минесота живеел една година во домот со тела на покојните мајка и брат близнак тврди дека немал храброст да ја пријави нивната смрт.
Роберт Џејмс Кефлер, изјави за американски медиуми дека бил „истраумиран“ и запраша: А, што би направиле вие? Полицијата соопшти дека Kефлер е обвинет за нарушување на местото на смрт додавајќи дека bратот и мајката починале од природна смрт.
Кефлер рекол дека неговата мајка починала во 94. година од животот во август 2015, а неговиот брат неколку месеци порано.
Полицијата ги открила нивните тела во септември 2016 година.
Од судот соопштија дека телото на братот на Kефлер било мумифицирано, а телото на мајката во фаза на распаѓање.
– Луѓето мислат дека сум ненормален, но јас сум таков. Јас ги сакав, изјави тој. Кефлер вели дека не подигнувал пари од сметките на покојната мајка и брат.