Маж од Струмица жртва на семејно насилство


Точно 25 жени и еден маж од Струмица во првите шест месеци од годинава пријавиле случаи на семејно насилство, инфоримираат од локалниот центар за пријавување семејно насилство. Според нив, трендот на семејно насилство во овој град оди во нагорна линија, бидејќи во 2013 година имале забележано само 37 случаи на семејно насилство. Од нив, 24 лица побарале правен совет од адвокат, а во 13 случаи била иницирана соодветна постапка за правна заштита – пишува Нова Македонија.

zena tepa mazТемната бројка на семејно насилство во општината е поголема. За тоа говорат големиот број пријави од граѓаните во полициските станци што слушале соседски кавги и ќотеци. Во прилог на темната бројка оди и традиционалната затвореност на средината, односно трпење одредено насилство во семејството заради добро на децата.

Според центарот, кога жртвата на семејно насилство ќе се јави или ќе пристигне лично кај нив за да побара помош мора со себе да има медицинска белешка што ќе потврди дека таа трпела одредено физичко или психичко насилство. Потоа свое мислење даваат и локалната полиција и Центарот за социјални работи. Трите институции заедно работат на детектирање на семејното насилство, а потоа и на давањето правна и материјална заштита. Но најголем број жртви се од ниските социјални слоеви и не можат со свои пари да иницираат правна заштита. Токму затоа правната помош од центарот им е добредојдена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1