Маж се удави во Охрид – детали за несреќата


Удавен маж е пронајден синоќа околу 20 часот во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на комплексот „Парк “. Се работи за 46-годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево, кој  во 18 часот и 50 минути синоќа бил пријавен за исчезнат.davenje1

Телото на давеникот од водата го извлекле екипи на Црвен крст. Извршениот увид на медицинска екипа покажал дека се работи за ненасилна смрт.

Ова е втора жртва  во Охридското Езеро оваа сезона. Пред неколку дена се удави лице во близина на туристичката населба Пештани, кое, според увидот, доживеало срцев удар во водата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1