Тригодишното детенце е убиено во Литл Рок во Арканзас во САД, додека било со неговата баба во автомобил кај еден шопинг центар, кога во него пукал непознат човек, соопштила полицијата.
Како што пренесува „Вашонгтон пост“, бабата возела, во еден момент застанала пред знакот „Стоп“ и тука се задржала.
Полицијата соопшти дека најверојатно возачот бил изнервиран од „бавното “ возење на бабата, и почнал да пука па го повредил детенце, кое малку подоцна починало во болница.