Ме прегази со автомобил, ме гледаше во очи и побегна


Автомобилот што го возеше беше толку залетан така што дури да трепнам ме турна во бандерата од улицата. Во еден момент ми се причини дека сака да ме убие иако немаше баш никаква причина за тоа. Очајнички го молев да го тргне возилото наназад и да ми ја ослободи згмечената нога. Се запрепастив кога рече дека јас возам само напред, пишува Дневник.

Ова е сведочењето на 62-годишната кавадарчанка Вера Стојанова, која пред неколку дена беше прегазена додека чистела улица, а возачот побегнал од самото место.

5FDB92434EA100468E359BBB52AF62C6Поради тешката скршеница на ногата, таа имаше операција во Kлиничкиот центар во Скопје, а сега с` уште се наоѓа во болничкиот кревет.

-Додека преплашена му тропав на хаубата да ме ослободи, тој легна на воланот од автомобилот. Почнав силно да викам, по што се собраа соседите. Еден од нив, Господ здравје да му даде, не знам од каде собра толку сила, го подигна возилото за да ми ја извлечат ногата. Човекот што ми го загорчи животот веднаш побегна со автомобилот правејќи осмици додека возеше. Соседите повикаа брза помош и полиција – вели Стојанова.

Некој од соседите ја запомнил регистрацијата на возилото.

-Kога мојот син се јавил кај неговата сопруга и прашал зошто тој така немилосрдно се однесувал кон мене без најмала причина за тоа, таа рекла дека јас самата сум се удрила во неговиот автомобил. Можеби тој пиел, па поради тоа така се однесувал, а според неа, јас испаднав пијана – се жали Стојанова.

Портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска вели дека несреќата се случила на 24 минатиот месец. Во 8.55 часот во полициската станица Kавадарци била пријавена сообраќајна несреќа на улицата Охридска пред куќен број 18 во Kавадарци.

Според полицијата, возило управувано од дотогаш непознато лице удрило во пешакот В.С. родена 1950 година од Kавадарци која во моментот се движела по крајот на коловозната лента. Потоа возилото го напуштило местото на настанот и се оддалечило во непознат правец. Пешакот бил пренесен во медицинскиот центар во Kавадарци заради укажување лекарска помош. Увид на самото место извршила екипа на полициската станица Kавадарци.

Од кавадаречката полиција вчера рекоа дека лицето веднаш било откриено, се работи за средовечен кавадарчанец кој ќе добие соодветна пријава.

Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1