Ме силуваа 43.200 пати – Ужасна исповед на девојка која 12 години е продавана како бело робје (ВИДЕО)


Карла Јасинто раскажа низ каков хорор минала додека била продавана како жртва на трговија со луѓе, поради што денеска станала борец против бескурпулозната индустрија.karla-jasinto-foto-printscreen-yt-1470144338-960917

Карла Јасинто проживеа вистинска агонија кога се најде во рацете на мексиканската индустрија на трговија со луѓе. Нејзе кога имала само 12 години ја грабнале трговци на човечко робје.

Бидејќи живеела во дисфункционално семејство успеала да ја привлечат подароците, парите, и брзите автомобили.

Таа била продадена на 22 годишен трговец, и наскоро го напуштила домот за да живее со него во Тенансингоу. Тој град е познат како главно средиште на трговија со луѓе, и место каде жртвите ги носат пред да ги натераат на проституција.<

Таму живеела три месеци пред да биде однесена во Гвалалахар каде морала да работи како проститутка. „Мојата смена почнуваше од 10 наутро, а завршуваше на полноч“, вели таа. Муштериите главно биле крути и во ниеден момент не се грижеле за нејзината состојба„Некои муштерии се смееја додека јас плачев. Ги затворав очите за да не видам што ми прават и се правев дека ништо не чувствувам“, вели таа.

Таа се присетува како нејзиниот трговец ќе полудел кога ќе видел дека муштеријата и осавила љубовни загризи по вратот.

„Ме тепаше со ланец по целото тело. Ме удираше со раце нозе, ме влечеше за коса, ми плукаше во лице и ме палеше со цигари“, продолжува таа.

Раскажува дека ја спасиле за време на полициска операција која се претворила во хорор. Имено полицајците девојките кои биле како нејзе од кои некои имале и по 10 години, почнале да ги снимаат и сликаат во компромитирачки пози.

Извлечена е во 2013 година во Мекскико Сити. Јасинто морала да спие со најмалку 30 мажи на ден четири години. Дојдено е до шокирачки проценти дека ја силувале 43,200 пати.

Според Меѓународната организација за миграција, околу 20.000 луѓе во Мексико секоја година стануваат жртви на трговија со луѓе, а пет до 10 од најбараните трговци на американската листа потекнуваат од Тенансингоа, место каде живеат 11.000 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1