Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со натпреварот во Скадар против селекцијата на Албанија го почнува новиот циклус квалификации.
Домаќинот е учесник на последното Европско првенство што се одржа во Франција и очекува голема поддршка од трибините на новиот стадион „Лоро Бориќи“ во Скадар.
Натпреварот ќе го обезбедуваат најмалку 900 полициски службеници. За безбедноста на високите личности кои ќе бидат на стадионот ќе бидат ангажирани и припадниците на Националната гарда.