Медицинска сестра од Шкотска осомничена дека криела оти е болна од ебола


Британската медицинска сестра, која заболе од ебола додека им помагашр на болните во Сиера Леоне во 2014 година, е осомничена оти ги измамила здравствените власти при враќањето во Велика Британија, крејќи ја температурата што ја добила за време на летот кон Лондон.133307403-71887

Полин Каферки (40) од Шкотска идниот месец ќе биде сослушувана од специјална комисија на Советот на медицински сестри и акушерки во Единбург, затоа што „сокрила дека е веќе заболена и давала нечесни одговори“ кога здравствената контрола ја испрашувала на аеродромот Хитроу во Лондон за тоа дали има зголемена телесна температура.

Таа минала низ скрининг апаратот без да каже дека во текот на летот открила дека има температура, што се смета за прв знак за заразеност со вирусот на ебола, и пиела таблети парацетамол за да ја намали температурата и да го „измами“ скенерот.

Лондонските медиуми не откриваат што ќе се случи со неа, доколку по сослушувањето „истражната комисија“ ја прогласи за виновна, но наведуваат дека во авионот таа имала температура повисока од 38 степени и дека се однесувала како да е се нормално, иако требало веднаш да побара здравствена помош.

Наместо тоа, од Лондон таа заминала за Шкотска, каде набргу и беше дијагностицирана ебола, по што беше ставена во карантин.

Во целосна изолација помина еден месец, но успеа да се опорави.

Подоцна, таа во два наврати одново беше во болница лекувајќи се од компликациите по прележаната ебола, при што еднаш дури се најде и во критична состојба.

По повторното опоравување, таа се вработи како медицинска сестра во една англиска болница, иако признава дека повремено се уште има болки и чувствува последици од инфицираноста со смртоносниот вирус.

Каферки сега одбива да зборува за медиумите, освен што преку својот адвокат побара Советот на медицинските сестри да и се извини, затоа што го обелоденил целиот случај на својата интеренет страница, пред да заврши истрагата и пред „да се открие целата вистина“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1