Медицинската сестра од Лондон, Жозефин Ијаму, е осудена на 14 години затвор поради обид да принуди пет Нигеријки да работат како проститутки во Германија, со закана со вуду обреди.
– Покажавте целосен презир кон добронамерноста на тие жени. Не ги сметате за човечки битија, туку за робови кои треба вам да ви носат пари – изјави судијата Ричард Бонд при изрекувањето на пресудата.
Ијаму, позната и како Мадам Сандра, има свои вили во Бенин и Нигерија, каде своите жртви ги наведувала на проституција, уценувајќи ги со своите вуду обреди. Притоа, таа ги заплашувала, за да ја наложи својата моќ.
– Жените се плашеле дека ним или на нивните семејства ќе им се случи нешто лошо ако не ги прифатат заканите од Британката.