Во САД секоја година поради медицински грешки умираат повеќе од 250.000 луѓе, соопштија од Универзитетот Џон Хопкинс.
Со тоа, медицинските грешки, како причина за смрт се пред респираторните болести, објавија истражувачи од тој Универзитет во научното списание БМЈ.
Според нив, медицинските грешки не треба да бидат синоним за лоши лекари, но претставуваат системски проблеми меѓу кои лоша координација, поделени мрежи за осигурување, недостиг или недоволно користење заштитни мрежи како и неоправдани варијации во обрасците на лекарските ординации за кои нема оправдување.