Меѓу повредените во експлозијата во Сопиште и една жена – 3-ца се во животна опасност


Три лица кои во моментот работеле во халата на скопската фабрика за пиротехнички средства се здобиле со тешки изгореници и се борат за живот на скопските клиники. Четвртиот работник поминал со полесни повреди, јавува Сител

fabrika sopisteСпоред репортерите на Сител двајца од тешко повредените се згрижени во Градската хируршка болница и имаат изгореници по целото тело. Тие се приклучени на апарати за дишење и лекарите се борат за нивниот живот.

Со тешки повреди во скопскиот Ургентен центар е згрижена и една жена која од екплозијата во погонот се здобила со изгореници од четврти степен и е во критична состојба на КАРИЛ.

До експлозијата дошло во моментот кога се работело во фабриката при што потоа не настанал поголем пожар.  Екипите на противпожарната служба веднаш пристигнале на местото на несреќата и го локализирале малиот пожар.

Во моментов екипи на полициајта вршат увид на местото на несреќата за да се откријат причините.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1