Мексико: Само што го крстиле девојчето, црквата им се сруши врз главите


Најмалку 220 лица смртно настрадаа во силниот потрес со магнитуда од 7,1 степен по Рихтер што во вторникот го погоди централниот дел на Мексико, меѓу кои се и 21 дете откако се урна и училиште во главниот град, соопштија властите.

Околу 117 лица загинаа во главниот град, 39 во сојузната држава Пуебла, 55 во Морелос, 12 во Мексико и едно во Гереро. Меѓу загинатаите има многу деца, а една жртва имала само три месеци. Девојчето само што било крстено во Атзала, гратче во Пуебла, а тлото се затресло и црквата се урнала.

Според информациите од локалните весници, во црквата се пронајдени 11 жртви, од кои 4 деца, а тројца преживеани отпосле починале во болница. Преживеал само свештеникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1