Росалинд Рос (26) и холивудскиот актер Мел Гибсон (60) во врска се две години, а набрзо ќе го добијат и своето прво заедничко дете.
Двојката вели дека не размислуваат за свадба, бидејќи тоа парче хартија ништо не им значи.
Актерот се вљуби во 34 години помладата Росалинд, која тренира посебна техника на јавање и гимнастицирање, која често се користи во циркусите, откако ја вработил во својата фирма.
Мел со првата сопруга Робин Денис Мур, со која беше во брак од 1980 до 2006 година има седум деца, на возраст од 36 до 17 години. Тој веќе има и три внучиња, а пред седум години ја доби и ќерката Луција со руската пијанистка Оксана Григориева (46).