Меркел повика да се забрани бурката во Германија (ВИДЕО)


Обраќајќи ѝ се на својата конзервативна партија Демохристијанска унија (ЦДУ), госпоѓата Меркел рече дека ќе ја поддржи забраната на национално ниво за носење исламски шамии за покривање на лицето.

„Превезот што го покрива целото лице не е прифатлив во нашата земја“, изјави таа пред делегатите во Есен, предизвикувајќи бурен аплауз. „Тој треба да се забрани, секаде каде што е законски можно“.501426-burka

Томас де Мезиер, германскиот министер за внатрешни работи и еден од најблиските сојузници на Меркел во ЦДУ, во август предложи делумна забрана на бурката и рече дека превезот „е спротивен на интеграцијата“.

Тој рече дека овој закон би се применувал во „местата каде што е неопходно за соживот во нашето општество“, вклучувајќи ги и владините канцеларии, училиштата и универзитетите, судниците, како и на демонстрациите.

Минатиот месец холандските пратеници гласаа за слична забрана во Холандија, која ги опфаќа јавниот транспорт, образованието, здравствената нега и владините згради, а непочитувањето носи парични казни.

Поддршката за забрана за бурката расте низ цела Европа откако Франција во 2011 година стана првата земја што спроведе ваков закон, а по неа и земји како Белгија, Бугарија и делови од Швајцарија.

„Наша работа е да бидеме толку силни колку што треба за да го спречиме тоа“, рече таа на конференцијата. „Изборите во 2017 за Бундестагот ќе бидат тешки како ниедни избори досега – барем од обединувањето на Германија. Мора да ми помогнете.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1