Меркел: Жалам за С. Македонија и Албанија


Германската канцеларка Ангела Меркел изрази жалење поради негативната одлука донесена од Самитот на шефовите на држави на Европската унија за започнување преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија.

„Кога разговаравме за отворањето преговори, за жал, не можевме да постигнеме договор околу Албанија и Северна Македонија. Многу ми е жал за оваа одлука. Ставот на Германија беше да ги започне разговорите ако се исполнат одредени услови, но не постигнавме едногласност“, рече Меркел.

„Ние ќе продолжиме да разговараме за ова прашање и се согласивме дека на него ќе се вратиме пред самитот во Загреб следната година“, додала Меркел.

На прашањето зошто Германија била против раздвојување на Албанија и Македонија, канцеларката Меркел рече дека немало многу држави што биле во прилог на одлуката.

„И двете земји направија големи чекори. Процесот на ветинг во Албанија трае веќе некое време, а Македонија направи значаен договор за промена на името. За нас би било попаметно да ги одржуваме државите заедно. Кога ја гледате мапата, сфаќате колку е важно овие земји да станат дел од Европската унија“, рече Меркел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1