Мешање на овој алкохол однесе во смрт 18 годишна девојка – утрото ја нашле мртва!


 

Мајами го потресе трагичната смрт на Ерика Бушик (18) која на 20 јануари е пронајдена мртва во својата соба. Дури сега излезе комплетниот извештај со деталите за смртта, а вистината е и повеќе од застрашувачка.

Утврдено е дека несреќната девојка починала од прекумерно конзумирање на алкохол.devojka-pijaloci-alkohol zabava 640x361

Вечерта пред трагедијата, 21 студент завршија во болница, каде се задржани на лечење, дури четири дена, поради труење со алкохол. До труењето дошло поради играта која ја изграле, „Прекумерно опивање без поента“, во која се мешале пијалоци за да во што пократок рок бидат испиени.

Во случајот со Ерика, е утврдено дека почнала да се опива околу 10 часот вечерта, кога по испиените шишиња шампањ, испила и евтина вотка. Поради друштвото одлучила да се забавува во една околна дискотека.

На влезот во барот, Ерика ја вратиле со образложение дека премногу испила, па и повикале такси и на возачот му рекле да ја однесе дома.

На таксистот му рекле дека Ерика мора да ја однесе до нејзината соба, затоа што била толку пијана што не можела да оди.

Следното утро шокираните пријатели ја пронашле Ерика мртва. Прво помислиле дека се успала, но кога и се доближиле ја сватиле страшната вистина: Таа била мртва!

„Беше ладна и неподвижна. Веднаш повикавме Брза помош, но таа е прогласена за мртва во девет часот утрото“, раскажуваше низ солзи нејзината другарка.

Обдукцијата покажа дека причината за смртта е труењето со алкохол и мешањето на шампањот и вотката. Тоа ги исплаши нејзините пријатели, затоа што сите го пиеле истото, па постоела можност да фаталната комбинација биде уште покобна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1