Оброците кои содржат премногу месни преработки, како што се евтина шунка, сланина и колбаси, би можеле да влијаат на животниот век, покажуваат резултатите од извршеното големо истражување во 10 европски земји.
Анализата на исхраната и медицинската историја кај речиси половина милион жени и мажи ги поврза месните производи со смртта од рак и срцеви заболувања.
Со истражувањето, во кое учествувале 450.000 луѓе, е откриено дека месните преработки се виновни за еден од 30 смртни случаи. Сувомеснатите производи се прават со комбинирање на делови од животните кои не можат да се продадат како добри и содржат високи концентрации на маснотии, вклучувајќи го холесторолот кој ги запушува артериите.
Студијата заклучува дека со ограничување на 20 грама месни производи дневно, што е речиси едно парче сланина, би се спречиле околу 20.000 прерани смртни случаи во Британија секоја година.