Месо од мачки и кучиња имало во јагнешко кари во Лондон – открила анализата


Во готовото јадење-јагнешко кари, во кое би требало да има само јагнешко месо се откриени траги и на други видови месо, објави британските медиуми. Според весникот „Дејли мирор“, во популарното јагнешко со кари имало месо од мачки и од кучиња. Оваа откритие на весникот, засега, нема потврда од британските агенции за контрола на храната.

A butcher prepares a shop window display at Lidgates butchers in west London

Јагнешкото кари е едно од многуте јадења што ги приготвува прехранебната индустрија, а се нудат преку супермаркетите и трговската мрежа кои масовно се користат затоа што може за неколку минути загревање веднаш да се конзумираат.

Нема никакви коментари за тоа дали „месните додатоци“ што се откриени во ова јадење, а не се јагнешко месо, може да бидат неповолни или штетни за луѓето. „Дејли мирор“ тврди дека примероци од вака приготвени јадења со кари се пронајдени во Лондон.

– Ова е застрашувачки бидејќи ако не е ниту едно месо што го препознаваме, што е тогаш? Од каде е увезено? Каде е животното заклано? Дали е месото воопштп хигиенски исправно, наведува британскиот нутриционист, Сариндер Пул во изјава за Би-Би-Си.

Освен тоа, откриено е дека јадење кое се продава како говедско, главно содржело пилешко и крв, а во плескавици воопшто немало говедско. Тие наводи се дел од документарец емитуван на Би-Би-Си 3, доцна синоќа, што предизвика општо негодување во јавноста.

horse meatКоњско месо, како што беше претходно објавено, се продавало наместо говедско. Меѓу останатото и во синџири за брза храна како што е „Бургер кинг“.

Во документарецот се вели дека во примероци на јагнешко кари не е утврдено од какво потекло е јагнешкото кари. – Во него имаше месо, но тоа не беше ниту јагнешко, ни пилешко, ни свинско, ни говедско, ниту коњско, ниту козјо месо, изјави претставник на Би-Би-Си.

Слична ситуација се случи и во Шпанија кога е откриено дека месо од мртви кучиња е користено за производство на храна за домашни миленичиња.

Минатата година биле анализирани 20 јагнешки кари од Западен Мидленд, за што се утврдило дека се „филувани“ со говедско, свинско и пилешко.

Во четири примероци на кари воопшто немало јагнешко месо-под богатиот и добро зачинет сос имало евтино говедско или пилешко месо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1