Две години им беа потребни на медиумите за да добијат дозвола за посета на едно од најсветите места во светот, православните манастири на Света Гора во Грција. Група од 20 манастири се наоѓа на карпите високо над Егејското Море со векови.
Свештениците овде поминуваат децении без контакт со надворешниот свет”, вели Симон, додавајќи:
“Технички кажано тие се на полуостровот, но немаат весници, телевизија, жени. Целата идеја е да се целосно посветени на молитвата, така што на нив навистина не им е грижа што се случува во надворешниот свет ниту пак сакаат да бидат вклучени во него. ”
“На жените не им е дозволено пристап до оваа планина повеќе од илјада години”, рече Боб Симон, дописник за CBS News.
Оваа забрана се протега и кон светот на животните, освен мачките, кои имаат улога во борбата против глувци.
Единствената храна која се увезува за свештениците е сирењето – затоа што доаѓа од крави. Инаку, сами си одгледуваат растенија и сл. за храна.
За време на Втората светска војна, Света Гора била под лична заштита на Хитлер откако нацистите влегле во Грција.
Германските офицери ги советувале свештениците да побараат заштита од Хитлер, по што тие му ја дале својата согласност.
Меѓутоа, свештениците изјавиле за Симон дека Хитлер планирал да им ги конфискува парчињата уметност низ манастирите, па дури и како што велат, им наредил на офицерите да ги фотографираат тие уметности, кои изнесувале повеќе од 1.000. Сепак, неговата намера никогаш не била реализирана.
Popara.mk