Метео алармот активиран: Внимавајте, Македонија од утре во жолта алертна фаза


Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи,  целата територија на Република Македонија, од утре (понеделник)  ќе  биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

Станува збор за температури до 37 степени целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.toplo termometar zesko sonce

Од Министерството за здравство соопштуваат дека потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и повеќе течности.

Посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија од лекар.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (кремови, мајонези, и сл).

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната: www.toplotnibranovi.mk.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1