Серија експлозии во небото на Урал во Русија, наводно, предизвикани од метеорски дожд предизвикаа паника кај населението на три града. Светските медиуми ја пренесуваат веста како и аматерските видеа од настанот.
Очевидци јавија дека куќите се треселе, прозорци се скршени и мобилни телефони кои замолчеле во еден секунд – престанале да работат.
Еден метероит удрил во фабрика – видливи се оштетувања има и повредени. Според последните информации како што јавува телевизијата РТ 250 лица биле повредени од искршени прозорци, а 3 се во критична состојба. бројката постојано се зголемува – руските медиуми пак јавуваат за над 400 кои побарале помош.
Метеор се забил во ѕид на фабрика
Како што јавува таблоидот Lifenews, пренесува RT, пронајден е најмалку еден метеорит кој паднал во фабрика во Chelyabinsk. Според информациите тој се забил во ѕидот на фабрика за цинк по што се прекинати сите мобилни и интернет врски во градот.
Видео на крајот од постот
Атмосферскиот феномен е регистриран во градовите Chelyabinsk, Yekaterinburg и Tyumenи. Според податоците на Мнистерството за внатрешни работи, метеоритот веројатно се распрскал на парчиња и паднал на 80 километри од градот Сатка, во Челјабинската област. Едно од парчињата е откриено во тешко достапен реон.
Повеќе инфо на – Експлозии, кршење прозорци, мртви телефони, паника – метеорски дожд ја погоди Русија (Видео/Фото)