Метеоролозите издадоа предупредување – се очекуваат врнежи од снег, од петок промена


Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд во западните и јужните делови и со снег на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови и намалување на дневната температура за три до четири степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Во текот на денешниот ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд попладне во западните делови и со снег на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје за денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер и максимална температура до 15 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1